Туск: Земјите членки на ЕУ не го положија испитот!

91

Немањето одлука за датум за старт на преговорите со Северна Македонија и Албанија не е вина на двете земји. Двете земји имаат право да ги почнат преговорите со ЕУ денес. Тие се подготвенми. За жал, дел од земјите-членки сеуште не се подготвени. И затоа не успеавме да постигнеме согласнот, изјави пред малку претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск. Туск порача дека Европската Унија ќе се наврати на проширувањето до мај 2020, пред Самитот во Загреб откако земјите членки не успеаја да постигнат договор за почеток на преговори со Албанија и Македонија.

 -Јас лично мислам дека тоа е грешка. Двете земји го положија испитот. Не можам тоа да го кажам и за земјите членки. Сакам да испратам порака. Ве молам, не се откажувајте. Не се сомневам дека еден ден ќе станете полноправни членки на ЕУ, изјави Туск. 

И претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер рече дека немањето консензус за доделување на датум за старт на преговорите е огромна, историска грешка. Јункер рече дека ако ЕУ сака да биде почитувана, мора да ги исполнува своите ветувања.

Канцеларката Ангела Меркел на прес-конференција изрази дека „многу жали“ што ЕУ не успеа да постигне консензус и посочи дека против биле Франција, Данска и Холандија.