Турскиот театар со премиера на детската претстава „Рапунзел“ во режија на Џабир Доко

350

Турскиот театар на 23 октомври (сабота) во 14 часот премиерно ќе ја изведе детската претстава „Рапунзел“ во адаптација и режија на Џабир Доко, според мотиви на Браќата Грим.

Улогите ги толкуваат Инес Радончиќ, Ебру Мусли, Јеткин Сезаир, Жале Османи, Метин Ибрахим и Дин Ибрахим. Сценографијата е на Татјана Блажевска -Христоска, а костимографијата на Розе Трајческа – Ристевска.

„Премиерата ќе биде изведена согласно со протоколите и препорачаните мерки. Бројот на седишта е ограничен“, соопштуваат од Турскиот театар.