Турскиот претседател Ердоган во посета на Русија

136

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, на 27 август ќе отпатува во еднодневна работна посета на Русија“, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во рамките на посетата, Ердоган ќе се сретне со претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин. Ердоган и Путин, исто така, ќе ги предводат разговорите меѓу делегациите.

Ердоган ќе присуствува и на отворањето на Меѓународниот воздухопловен саем – МАКС-2019, еден од водечките светски саеми од областа на воздухопловството.

На средбите ќе се разговара за билатералните односи меѓу Турција и Русија, а се очекува да се разменат мислења за регионални и меѓународни прашања, особено за Сирија.