Турската полиција го прекина протестот на граѓаните против зголемените трошоци за живот

58

Турската полиција го растури протестот  против владините политики и зголемените трошоци за живот во Истанбул и уапси повеќе од 30 демонстранти.

Демонстрантите, главно членови на левичарски групи, почнаа да се собираат во областа Кадика во Истанбул, која се наоѓа во азискиот дел на градот, кога интервенираше полицијата.

Демонстрантите побараа владата на претседателот Реџеп Таип Ердоган да поднесе оставка.

Повеќе од 30 лица се приведени, соопштија новинарите на Асошиетед прес од местото на настанот. Протестот доаѓа во време на зголемена инфлација која сериозно ја поткопа турската куповна моќ, високата невработеност и рекордниот пад на лирата по серијата намалувања на каматните стапки.

Од почетокот на годината турската валута загуби 70 отсто од вредноста. Минатата недела Централната банка ја намали каматната стапка, како мерка за стабилизација на валутата и инфлацијата, од 16 на 15 отсто. Протести се одржаа и во Анкара и други турски градови, објави Биргун.