Турската енергетска компанија „Гурис“ заинтересирана да инвестира во Кичево

139

Претставници на турската енергетска компанија „Гурис“ денеска оствариле средба со градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари на која изразиле интерес за инвестирање во оваа општина.

– Посебен интерес гостите покажаа за нашата општина како една од најстратешките општини за примена на енергијата од ветер, а во иднина се очекува оваа соработка да се реализира во конкретни идеи како една од најиновативните и најсовремените инвестиции во регионот на Западен Балкан, напиша Дехари на „Фејсбук“.

Во фејбук статусот, Дехари наведува дека претставниците од турската компанија го посочиле паркот на ветерна енергија „Кичево 35 мегавати“ како соодветно и атрактивно место за развој на инвестицијата.

Дехари ветил дека општинската администрација со целиот свој капацитет ќе се заложи оваа инвестиција да се реализира.

Компанијата„ Гурис“ располага со шест фабрики, од кои три железарници, две леарници и една челичана.