Турската атракција повторно ги вчудовиди посетителите:661.традиционален натпревар во борење со масло/видео

113
Во Киркпинар во турската провинција Едрене, во петокот започна 661-то традиционално натпреварување на борачи намачкани со масло.
На фестивалот во древно борење годинава учествуваат околу 2.475 натпреварувачи, а финалните борби кои привлекуваат голем број посетители ќе се одржат во недела, на последниот ден од натпреварувањето.
Борбите во Киркпинар се најмасовното натпреварување од ваков вид во Турција, а постојат посебни ритуали кои го разликуваат од борбите на другите места.
Башпеливани, односно победниците на натпреварот Киркпинар, се многу почитувани во Турција.
Оној кој три пати по ред ќе ја освои титулата башпеливан станува постојан сопственик на златниот појас.
Фестивалот на борење во Киркпинар е еден од најстарите спортски настани во светот. Се одржува секоја година во провинцијата Едрене од 1362 година и е на листата на УНЕСКО за светско нематеријално културно наследство.