Туркменистан го забрани зборот коронавирус

203

Претседателот на Туркменистан, Гурбанбугли Бердимухамедов, ги посоветува граѓаните да се лекуваат со народниот лек од растението зрнеш.

Властите во Туркменистан ја забранија употребата на зборот „коронавирус“ и го исклучија од секојдневниот говор, со цел да ги скријат информациите за пандемијата, соопшти невладината организација Репортери без граници.

Според Репортери без граници на сите медиуми им се забрането да го употребуваат зборот „коронавирус“, а исто така терминот е исфрлен од сите официјални брошури, што Министерството за здравство на Туркменистан ги подели во училиштата, болниците и другите државни институции. Граѓаните кои надвор се движат со маски и зборуваат за пандемијата на Ковид-19 ризикуваат да бидат уапсени.

Претходно, претседателот на Туркменистан, Гурбанбугли Бердимухамедов ги посоветува граѓаните да се лекуваат со народниот лек од растението зрнеш,(Peganum harmala) и да го користат за дезинфекција на јавните места во државата.

 

Според властите, во Туркменистан нема инфицирани луѓе со новиот коронавирус.

Извор: Радио Слободна Европа