Турист од Полска повреден при мал одрон на патот кај Матка

84

Денеска преку линијата за итни случи 112 во ЦУК од пладне (12.55) па до 14.28 часот, по пријавата за одрон на патот кај Матка после браната, од Секторот за операции и координација на ЦУК, беше спроведена координација за згрижување повреден турист од Полска и за преземање мерки за безбедност, бидејќи имало опасност од други одрони, а и за расчистување на одронот во тој локалитет. Повредениот 45-годишен турист од Полска, бил удрен од еден камен од одронот кај Матка, по што веднаш, со Итна медицинска помош е префрлен на скопските клиники.

Инаку, редоследот на денешниот настан е следен: По добиениот мејл од страна на 112 во 12.55 часот, а во врска со пријава за одрон на патот кај Матка после Брана Матка и можноста да дојде до повреда на некои туристи кои се наоѓаат на дадената локација од страна на ЦУК веднаш беше известен раководителот на ЈП „Улици и Патишта“ на Град Скопје за нивна интервенција расчистување на теренот. Одговорот беше дека надлежност за тој пат има Македонија Пат и самата Општина Сарај под кои субјекти се наоѓа дадениот локалитет. По остварените комуникации со Општина Сарај и Македонија Пат е добиен одговор од Македонија Пат дека според дадените координати тој пат не е под нивна надлежност туку под надлежност на Општина Сарај. Телефонски контакт беше остварен и со комуналниот инспектор на Општина Сарај на кој му е пренесена информацијата за надлежностите, поточно дека ниту ЈП Улици и Патишта, ниту Македонија Пат имаат надлежност за негово расчистување и дека тој пат е под ингеренција на Општината. Од страна на ЦУК, од Секторот за операции и координација, му беше даден и број за контакт со Македонија Пат по негово барање.

Потоа, по повторно добиениот мејл на линијата за итни случи 112 во ЦУК во 14.28 часот во кој беше наведено дека има и повреден турист од Полска и дека има опасност од други одрони, од ЦУК, од Секторот за операции и координација, повторно е стапено во контакт со инспекторот на Општина Сарај од кого е добиен одговор дека тие се на лице место и дека од еден камен што се одронил бил удрен во ногата бил 45 годишен турист од Полска, по што веднаш, со Итна медицинска помош е префрлен на скопските клиники. Според првичната информација од терен, не станувало збор за одрон туку за два – три камења кои паднале од поголема висина при што едниот го погодил туристот во нога. На лице место имало и припадници од Полицијата. Од нивна страна и од страна на Општина Сарај ќе биде направен записник за утврдување на фактичка состојба.