Туристичката сезона во Хрватска загрозена – нема квоти за странски работници

163

Сезоната во Хрватска  е сериозно загрозена поради недостиг на работна сила. Хрватската задруга за туризам и Хрватската задруга на работодавачи испратиле барање за итно зголемување на квотите во туризмот до Министерството за труд и до Министерството за туризам.

За жал молбите се одбиени и за годинава владата не обезбедила доволно квоти за вработување странци во туризмот. „Квотите се потрошени, а нема кој да работи иако во Хрватска веќе пристигнале странските работници“, пренесува Index.hr.

Работодавците додаваат дека со недели апелираат да се помогне на туристичкиот сектор за решавање на овој проблем, но дека ресорните министри и владата се потполно „глуви“.

Туризмот во Хрватска придонесува за 20 отсто од вкупниот БДП на земјата, а со ваков однос, тоа нема да може да се исполни.