Тунис: Судија е приведен поради поврзаност со тероризам

76

Силите за безбедност на Тунис го ставија во домашен притвор во траење од 40 дена судија Бешир Акреми, кого го обвинуваат за поврзаност со тероризам.

Организациите за човекови права го обвинуваат дека е близок до исламистите и дека крие досиеја поврзани со тероризам, јавија локалните медиуми.

Одлуката против судијата Акреми следеше откако претседателот Каис Саид вети дека ќе води борба против раширената корупција во сите сектори за да ја спаси земјата, откако го разреши премиерот и ја замрзна работата на парламентот.