Дома МАКЕДОНИЈА Тројца разбојници ограбиле обложувалница во Шуто Оризџари, полицијата ги уапси

Тројца разбојници ограбиле обложувалница во Шуто Оризџари, полицијата ги уапси

30
pexels.com

Полицијата утрово уапси тројца скопјани осомничени дека синоќа околу 22:25 часот извршиле разбојништво во спортска обложувалница во Шуто Оризари.

Како што денеска соопшти Министерството за внатрешни работи, тие со закана кон вработената во обложувалницата и oдзеле пари од касата.

„При претрес во домот на М.Д., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичното дело“, информира МВР.

По целосно документирање на случајот, МВР до ОЈО Скопје ќе поднесе соодветна пријава.