Тројца Македонци на велосипед го искачија вулканскиот врв Дамаванд во Иран!

155

Тројцата ентузијасти, вљубеници во планинскиот велосипедизам, скопјаните Никола Нешкоски, Илија Деревјов и Лазо Миновски направија несекојдневен подвиг. Овие македонски бајкери, во комбинација со планинарење, со ранци полни со опрема, храна и вода и дополнително со велосипеди на грб, по екстремно непријатен терен се искачија на највисоката азиска вулканска планина и највисок врв во Иран, Дамаванд, кој се наоѓа на 5.609 метри надморска височина. Тие се првите Mакедонци кои со велосипеди успеаја да го освојат овој вулкански врв и да го развиорат македонското знаме на него.

Никола Нешкоски за весникот ВЕЧЕР раскажа за патешествијата што ги поминале во текот на ова авантуристичко патување и вели дека тоа е лично нивна иницијатива, со желба да го издигнат планинскиот велосипедизам на повисоко ниво. Тие, лани, на ваков начин, го освоија и Килиманџаро, највисокиот планински масив во Африка

Тројцата ентузијасти, вљубеници во планинскиот велосипедизам, скопјаните Никола Нешкоски, Илија Деревјов и Лазо Миновски направија несекојдневен подвиг. Овие македонски бајкери, во комбинација со планинарење, со ранци полни со опрема, храна и вода и дополнително со велосипеди на грб, по екстремно непријатен терен се искачија на највисоката азиска вулканска планина и највисок врв во Иран, Дамаванд, кој се наоѓа на 5.609 метри надморска височина. Тие се првите Mакедонци кои со велосипеди успеаја да го освојат овој вулкански врв.

Никола Нешкоски за весникот ВЕЧЕР раскажа за патешествијата што ги поминале во текот на ова авантуристичко патување и вели дека тоа е лично нивна иницијатива, со желба да го издигнат планинскиот велосипедизам на повисоко ниво.

– Бидејќи сме велосипедисти кои сакаат да трагаат по малку незгодни терени, се решивме да го освоиме овој вулкански врв – раскажува Нешкоски.

Нивното ентузијастичко патување траело четири дена. Започнало на 26 јули и траело до 2 август годинава.

– Се искачувавме четири дена, а нашето движење беше комбинирано. Велосипедите ги возевме, ги  туркавме, ги носевме на грб. Досега, сите ги освојуваа врвовите пеш, но ние сакавме да направивме поинаков подвиг што досега никој не го направил. Идејата ни беше: зошто другите земји да имаат свои претставници со велосипед, а Македонија да нема! – објаснува Нешкоски.

Тие преспивале во шатори во планински домови, практично кампувале и сами си готвеле. Но, временските услови не биле на нивна страна. Половина од деновите имало грмотевици, а врнело и град, но тоа не ги поколебало да успеат во својата замисла.

– Пред да дојдеме, немаше снег. Кога тргнавме, почна да паѓа. Временските услови веќе беа непријатни и претходно, но вака беше уште потешко. Пресреќни сме што успеавме да искачиме уште еден врв во овој состав – вели Лазо Миновски.

Речиси последниот ден ги посакало времето. На врвот пристигнале на 29 јули, во 13 часот. Попатно, освен лошото време, немале никакви други проблеми.

Никола, Илија и Лазо се дружат и приватно. Тие се добри пријатели и дружбата ја носат секаде. Живеат во три различни скопски населби: Никола е од Карпош, Илија е од Кисела Вода, додека Лазо е од Центар. Никола има 36 години, Илија 35, додека Лазо е најстар, има 46 години.  Тројцата се вљубеници во планинскиот велосипедизам, ги сакаат планините и адреналинот.

Инаку, Никола работи во полето на еколошкото образование и образованието за велосипедизам, во градинките и во основните училишта, преку Здружението на граѓани за заштита и унапредување на животната средина „Eco logic“, Илија е во информатичкиот сектор, додека Лазо работи на продажба на велосипеди.

Тие и лани, на ваков начин, го освоија  Килиманџаро, највисокиот планински масив во Африка, кој се наоѓа во североисточна Танзанија, на границата со Кенија. Тој е составен од три вулкани: Шира, Мавензи и Кибо. Највисокиот врв се наоѓа на 5.895 метри надморска височина.

(А.П.)