Пред секое големо фудбалско натпреварување, одредени медиуми се одлучуваат да состават хипотетски тим со фудбалери кои би играле за репрезентацијата на поранешна Југославија. За таквиот тим ќе играат моментално најдобрите фудбалери кои се по потекло од поранешна Југославија, која за жал се распадна.
Новиот тим на поранешна „Југа“ ја состави аргентинскиот портал „TyC Sport“. Тука не станува збор за вообичаен тим со 11 фудбалери туку станува збор за комбинација од номинален список со фудбалери каков што објавуваат селекторите.
Аргентинците се одлучија за повеќе фудбалери на секоја позиција, а „покана“ за настап во таквиот тим би добиле и тројца репрезентативци на Македонија, Столе Димитриевски, Езџан Алиоски и Елиф Елмас.
ГОЛМАНИ: Јан Облак (Словенија), Самир Хандановиќ (Словенија), Предраг Рајковиќ (Србија), Марко Димитровиќ (Србија), Асмир Беговиќ (БиХ), Столе Димитриевски (Македонија). ОДБРАНА: Стефан Савиќ (Црна Гора), Јошко Гвардиол (Хрватска), Сеад Колашинац (БиХ), Никола Миленковиќ (Србија), Никола Максимовиќ (Србија), Дејан Ловрен (Хрватска), Адам Марушиќ (Црна Гора), Езџан Алиоски (Македонија), Амир Рахмани (Косово). СРЕДЕН РЕД: Лука Модриќ (Хрватска), Марсело Брозовиќ (Хрватска), Сергеј Миленковиќ-Савиќ (Србија), Филип Костиќ (Србија), Иван Илиќ (Србија), Немања Матиќ (Србија), Миралем Пјаниќ (БиХ), Елиф Елмас (Македонија), Иван Перишиќ (Хрватска), Матео Ковачиќ (Хрватска), Иван Ракитиќ (Хрватска). НАПАД: Душан Влаховиќ (Србија), Душан Тадиќ (Србија), Александар Митровиќ (Србија), Лука Јовиќ (Србија), Андреј Крамариќ (Хрватска), Анте Ребиќ (Хрватска), Стеван Јоветиќ (Црна Гора), Бенџамин Шешко (Словенија), Един Џеко (БиХ), Един Вишча (БиХ).