Тројца загинаа во експлозии во ресторани во Абу Даби и во Дубаи (видео)

25

Едната експлозија се случи на главната улица која води до аеродромот во кој подоцна денеска треба да слетаат највисоките соработници на американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кои доаѓаат во историска посета откако со посредништво на САД склопена е спогодба за нормализација на одностие меѓу ОАЕ и Израел.

Тројца загинаа , а неколкумина се повредени во две одвоени експлозии во престолнината на Обединетите Арапски Емирати, Абу Даби и во туристичкото средиште, Дубаи, наведуват полицијата и локалните медиуми.

Владината канцеларија за односи со медиуми во Абу Даби соопшти дека две лица загинале во експлозијата која се случила во ресторанот Ка-еф-це во улицата „Рашид бин Саед“. Во Дубаи загинало едно лице кога експлодирала плинска боца во ресторанот во понделник рано наутро, објавија локалните медиуми.

https://youtu.be/1JpE1HYSTwM

Таа улица е позната како главна улица која води до аеродромот во кој подоцна денеска треба да слетаат највисоките соработници на американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кои доаѓаат во историска посета откако со посредништво на САД склопена е спогодба за нормализација на одностие меѓу ОАЕ и Израел.

Полицијата соопшти дека во експлозијата во Абу Даби неколку лица се здобиле со повреди, а евакуирани се и станари од зградите во околината.Експлозијата во Абу Даби била предизвикана од технички проблеми при преточување гас.

Фотографиите објавени на социјалните мрежи и во локалните медиуми прикажуваат големи оштетувања на ресторанот и бел чад кој се издигнува од приземјето на зградата.