Тројца гостиварски уметници во Њујорк на заедничка изложба „Фрагменти од Балканот“

120

Тројца гостиварски уметници утре ќе се претстават пред публиката во Њујорк со ликовни дела и фотографии на изложбата „Фрагменти од Балканот“.

Во галеријата MC Gallery, ликовните уметници Сафет Спахиу и Башким Меџити и фотографот Осман Демири ќе изложат триесетина дела од нивните последни опуси.

Во највата на настанот се наведува дека концептот на изложбата се заснова на пренесување на порака за разновидноста на Балканот и дека таа различност е целина.

Бикот во сликите на Спахиу го симболизира инаетот на балканските народи, кои не секогаш го избираат дијалогот, како начин да се надминат недоразбирањата. Од друга страна, експресивната лирика на Меџити го истакнува креативниот дух на луѓето кои покрај непријателствата имаат духовно разбирање и толеранција. Во делата на фотографот Демири има потврда дека сè мора да започне и да заврши со дијалог.

Изложбата ќе биде отворена десет дена, а е поддржана од Министерството за култура.