Најпрестижниот фудбалски трофеј блесна и во Скопје. Трофејот кој во декември оваа година ќе заврши во рацете на најдобрата репрезентација на Светското првенство во Катар денес беше претставен пред македонската јавност.

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски и бразилската фудбалска легенда Жилберто Силва го открија златниот пехар на ФИФА, кој е наменет за победникот на Светското првенство кое ќе се одржува во Катар.

Нашата земја, поточно макдонската метропола првпат е дел од турнејата низ светот на највредниот пехар, која е петта откако „Кока Кола“ е еден од главните спонзори на планетерните фудбалски собири.