Голманот на Ајнтрахт од Франкфурт, Кевин Трап, има голема причина за задоволство по освојувањето на трофејот во Лига Европа, а по мечот и победата против Ренџерс (1:1, 5:4 на пенали) даде урнебесна изјава.

  • Имавме чувство дека тоа ќе се случи денеска, дека ќе победиме во ова финале. Во 2019 година загубивме драматично од Челзи во полуфиналето, а оваа сезона имавме феноменална серија во Лига Европа. Едноставно го заслуживме трофејот. Работата се исплатеше и се покажа дека вреди. Можеби ова е карма, бидејќи се враќаме дома со трофејот – рече Трап, а потоа поентираше:
  • Не знам дали се согласувате со мене, но освојувањето на овој трофеј е подобро од секс! Дефинитивно е нешто убаво како сексот. Но, мислам дека некои работи ќе се случат во следните неколку дена.

Инаку, Трап е во врска со една од најубавите девојки во светот, бразилската манекенка Изабел Гилар.

Во продолжение неколку фотографии од згодната Бразилка: