Три од три за „Кенгурите“ за прво место во групата

38

Репрезентацијата на Австралија со три победи го освои првото место во Х-групата на Светското првенство во кошарка кое се одржува во Кина.

„Кенгурите“ во последниот меч од оваа група ја победија Литванија 87:82. Австралијците во директниот дуел со Литванија покажаа дека со право се надеваат на медал од овој Мундијал.

Пети Милс со 23 поени ја предводеше Австралија, каде брилијантен меч одигра центарот Ерон Бејнс (21 поен). Кај Литванците се истакнаа Григонис со 19 и Лекавичиус со 15 поени.