Канадската полиција соопшти дека три лица се повредени откако едно лице вооружено со нож упаднало во Исламскиот културен центар во областа Монтреал, објави канадската јавна служба.
Инцидентот се случил попладнето во Исламскиот културен центар лоциран во предградието на Монтреал.
Полицијата добила повик дека маж влегол во верски објект вооружен со нож и дека влегол во конфликт со луѓето внатре.
Портпаролот на локалната полиција изјави дека жртвите се здобиле со полесни повреди и дека ничиј живот не е во опасност, а напаѓачот е уапсен.
Според менаџерот на центарот Рашид Аман, напаѓачот бил на возраст од 20 до 30 години, а нападнал за време на попладневната молитва.