ТРИФУН КОСТОВСКИ – “Срце тетовирано” доби сериозна конкуренција!

226

Тој почна да пее на својата 50-та година од животот, сега има веќе 71, а тоа не го крие, токму со тоа и се гордее.

Тоа е познатиот бизнисмен Трифун Костовски, поранешен скопски градоначалник, кој пред некој ден со својата екипа на соработници-музичари, но и со многу пријатели, пред многу новинари, како и со своето потесно семејство, направи гала промоција на своето најново ЦД-издание.

Станува збор за песни-балади кои лесно го наоѓаат патот до публиката. Промоцијата ја водеа актерот Драган Спасов-Дац и радио водителот Драган Б.Костиќ. Воедно, се одбележа и јубилејот, 18 години од хитот “Срце тетовирано” во изведба на Костовски и Александар Митевски.

Ова ново ЦД треба да биде и пошироко промовирано оваа есен, низ Македонија, a сега-засега имаше само скопска промоција, што, секако, не е доволно со оглед на големата заинтересираност на публиката.

Инаку, Костовски, како и секогаш, беше господски облечен, па оние што ги следат модните трендови искоментираа дека Трифун би можел слободно да се пријави за манекен, без разлика на годините.

Целата атмосфера за време на траењето на промоцијата беше исклучително добра, така што дружењето со одбраното друштво Костoвски го продолжил до доцна навечер, во тој амбиент на “Мистер Џек”, на задоволство на екипата на “Вечер”.

Дуле М.  /  foto: vecer.press