Бакнежи и нежни прегратки на премиерата на филмот одржана во Белград ја разоткрија љубовта на задарската актерка Тихана Лазовиќ и белградскиот актер Бранислав Трифуновиќ.

Помладиот брат на актерот Сергеј Трифуновиќ не беше засегнат поради фоторепортерите и снимателите на премиерата, а ни Тихана не криеше дека се во врска.

Бранислав и Тихана

Тихана со 15 години постариот Трифуновиќ во врска е неколку месеци, а прв пат заедно во јавноста се појавија на премиерата за филмот „Ајвар“ во Белград. Тие на Инстаграм објавуваат заеднички фотографии, а актерката неодамна беше во родниот Задар од каде заедно се упатија на одмор во Италија.

Бранислав досега беше во врска со водителката Аида Алиловиќ, Јакановиќ, манекенката Надежда Димитријевиќ и музичарката Александра Ериќ Дуенде. Тихана 6 години беше во врска со режисерот Иван Сикавиќ со кого и заедно живееше.

(М.А)