Триста дечиња се натпреваруваа на детската олимпијада „Петар Здравковски Пенко“

51

Под мотото „Нека победи највеселиот“, во спортскиот балон на ООУ „Петар Здравковски Пенко“, се одржа детската меѓуопштинска олимпијада за дечињата од предучилишните установи во скопските општини.

Домаќин на годинешнава манифестација беше детската градинка „11 Октомври” од општина Бутел. Воедно, со оваа манифестација се одбележаа и детската недела и патрониот празник на градинката.

Учесниците и присутните ги поздрави градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски, кој истакна дека оваа манифестација е од огромно значење за развивање на спортскиот дух кај младите и заедничко другарување.

На манифестацијата се натпреваруваа 300 дечиња од девет скопски општи: Бутел, Гази Баба, Шуто Оризари, Чаир, Аеродром, Центар, Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош.

Децата се натпреваруваа во повеќе екипни спортски игри, а за најдобрите беа доделени и златни медали.