Трипуновски: Ќе излеземе со конкретен план за маржите и цените за да ги заштитиме и земјоделците и граѓаните

28

Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски во однос на цените и Законот за нефер трговски практики, најави дека наскоро ќе има конкретен план како ќе се постапува, а примарна цел е, напомена, да се заштитат и земјоделците и граѓаните. Тој информира дека е во постојана комуникација со Министерството за економија.

-Ќе направиме план како ќе делуваме за да ги заштитиме и земјоделците и граѓаните. Работиме на тоа како во наредниот период правилно да постапиме со цел земјоделците да не бидат оштетени зашто во минатото, оштетена страна единствено беа тие, а сите други имаа сериозен профит што беше на штета на граѓаните. Затоа, во наредниот период, заедно со Министерството ќе излеземе со конкретен план како ќе постапиме за да ги заштитиме и земјоделците и граѓаните, истакна министерот, Трипуновск