Тринаесет старт-ап компании ги добија првите кредити од Шпаркасе банка

Преку програмата „Чекор по чекор“, Шпаркасе банка го подржа развојот на младите амбициозни претприемачи со идеи за создавање сопствен бизнис. Партнери на Банката во спроведувањето на програмата „Чекор по чекор“, во делот на едукативна и менторска поддршка се Старт-ап академија и Social Impact Lab

247

Тринаесет компании кои аплицираа преку програмата „Чекор по чекор“ на Шпаркасе бакна за стар-ап бизниси во Република Македонија ги добија првите кредити. Шпаркасе Банка е прва банка која започна со финансирање на старт-ап бизниси во соработка со програмата за вработување и социјален развој на ЕУ. Преку програмата „Чекор по чекор“, Банката го подржа развојот на младите амбициозни претприемачи со идеи за создавање сопствен бизнис. Партнери на Шпаркасе банка во спроведувањето на програмата „Чекор по чекор“ во делот на едукативна и менторска поддршка се Старт-ап Академија и Social Impact Lab.
Како што истакна директорот на Шпаркасе банка, Глигор Бишев, приказната ја почнавме пред седум месеци и чекор по чекор стигнавме до првите селектирани проекти кои ќе добијат кредити.


-Овој проект кој ќе има и други цели, бидејќи тој не престанува туку продолжува понатаму. Во овој период имавме навистина многу млади храбри и иновативни претприемачи кои заедно со нашите партнери Social Impact Lab и Стартап Академија заедно ги правеа проектите, ги дискутираа и од вкупно 23 проекти селектирани се 13 проекти кои ќе бидат финансирани со средства од програмата на ЕУ за вработување и социјален развој, истакна Бишев.
Тој додаде дека поддршката нема да застане тука, менторството во развој на овие проекти и понатаму ќе продолжи, а банката ќе ги следи во нивниот развој и ќе продолжи да ги поддржува.
-Се надеваме дека ова ќе биде охрабрување за младите да продолжат да бидат иновативни, да веруваат во себе, да бидат храбри и да знаат дека имаат банка што ги поддржува нивните идеи да се претворат во растечки бизнис, рече Бишев.
Јанмат Фрејк, раководител на секторот за економски прашања, градење институции и прекугранична соработка им честита на избраните компании и истакна дека е многу задоволен од брзината на реализацијата на проектот.
Игор Томовски од „Пиле контрол“, Ивана Кнез од „Lovecats original„ и Михаела Поповиќ од „Av Av Happy Dog„ чии бизнис идеи добија поддршка се заблагодарија на сите кои им помогнаа да ги реализираат нивните идеи, а на младите им порачаа да веруваат во себе, да бидат храбри и да не се откажуваат од нивните соништа. (А.С.)