Шокантно видео ни доаѓа од Уганда, каде боксерскиот тренер Херберт Калунги безмилосно ја тепа својата боксерка Дафин Намитала (15 години) – со стап.

Сето ова се случило откако Намитала ја загубила борбата со Ирене Апијо.

Исто така и претседателот на Боксерската федерација на Уганда соопшти дека нема толеранција за физичко насилство над спортистите, па ангажираше Дисциплинската комисија да го истражи инцидентот и да соработуваат со полицијата за да се обезбеди правдата да биде спроведена.

Министерот за спорт Питер Ованг истакна дека физичкото казнување е незаконско и повика на темелна истрага.