
Доколку превреме биде прекината соработката со актуелниот шеф на стручниот штаб, Лусиен Фавре, раководните лица на францускиот прволигаш Ница ќе се обидат да ги осигураат услугите на аргентинскиот стручњак, Маурицио Покетино. Фавре моментално стои на тенок мраз поради фактот дека неговиот тим има забележано само две победи на првите осум натпревари во новата сезона. Од друга страна, Покетино моментално е без ангажман и е расположен да се врати во Лига 1.