Тренерското столче за Инзаги

90

Поголемиот дел од француските медиуми ја пласираа и информацијата дека раководните лица на старо-новиот шампион, тимот на ПСЖ, се сериозно заинтересирани за услугите на актуелниот тренер на римскиот калчолигаш Лацио, Симоне Инзаги. Иако пред неколку дена, спортскиот директор на „светците“, Леонардо изјави дека Томас Тухел и во новата сезона ќе биде тренер на ПСЖ, француските медиуми се убедени дека германскиот стручњак ќе добие отказ доколку ПСЖ не го освои трофејот во Лигата на шампиони.