ТРЕНДОВИ: Плетено, обоено монохроматско, кожно, удобнo

38

 

Новите модни трендови чукаат на врата. Оваа есен ќе дознаете кои материјали ќе бидат во тренд, која палета на бои, кои додатоци, кои парчиња облека и како треба да ги стилизирате. Уживајте и подгответе се за паметен шопинг!

Еден број поголеми женски костуми ќе доминираат на модната сцена и оваа есен. Ќе се носат костуми во интензивни, чисти бои. Со костум во боја ќе бидете забележани – и со него каде и да одите не можете да погрешите. Овој тип на костум добро се вклопува со сите видови материјали и гарантирано ќе чувствувате наплив на самодоверба.

Необичен тренд меѓу додатоците оваа есен се детали изработени од крзно и тоа  најчесто крзнени чанти, или чанти од волна. Гломазните, обемни и меки чанти ќе бидат задолжителни кога станува збор за модните детали, а овој тип чанти ќе ја освежи вашата едноставна облека. Крзнено парче ќе го изгради целиот изглед и дефинитивно ќе биде во центарот на вниманието на сите, каде и да се појавите.

Кожната облека го доживува своето враќање бидејќи е совршена за есенската сезона и постудените денови. Кожени панталони, кожени здолништа, кожени палта, кожени чизми, кожени чанти. Може да се облекувате од глава до пети во кожа и да уживате во чувството на сексапил.

Оваа есен трендот ќе биде монохроматски изглед, па една облека со неколку парчиња облека во иста боја, кои изгледаат навистина феноменално. Овој тип на стајлинг можевме да го видиме на ревиите на големите модни куќи, како Алтузара, Макс Мара и The Row.

Карираната шема ќе ни се врати оваа есен, овојпат во светли бои. Карираните панталони, здолништа и јакни ќе бидат популарни, а веќе можеме да ги видиме на сите популарни модни блогерки на Инстаграм.

 

Друг тип на облека што ќе ја одбележи оваа есен се плетена облека, но не мислиме само на џемпери и кардигани – кои се повеќе или помалку вистински есенски задолжителни работи секоја година. Овој септември ќе носиме плетени, необични кардигани како и плетени удобни панталони, здолништа, па дури и крап -топ. Со нив ќе уживате по дома на каучот и ќе може да излезете или да шетате.