Тргнати буквите од катната гаража „Македонска фаланга“, се монтираат новите „26 Јули“

115

По налог на Град Скопје, денеска беа тргнати буквите од катната гаража спроти „Аутомакедонија“ која освен по архитектонскиот изглед, беше препознатлива и по називот „Македонска фаланга“.

– Се тргаат буквите од оваа катна гаража затоа што е донесена одлука од Советот на Град Скопје за преименување на катните гаражи. Истото е сторено и со името на гаражата „Тодор Александров“ која е преименувана во „Беко“. Претходните имиња на двете катни гаражи со ништо не врзуваат со животите на скопјани. Новите имиња се посоодветни на вистинско Скопје – објасни градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

(С.Бл.) – Фото: Наќе Батев