Тргнале на излет, а на автопат пронашле торба со милион долари

460

Семејството од округот Каролајн во Мериленд пронашло на автопат минатиот викенд вреќа со скоро милион долари во кеш.

Возејќи се со семејството, Емили Сканц воочила дека од едно комбе испаднала вреќа и удрила во нејзиниот автомобил.

Запрела и забележала дека на 15 метри оддалеченост има уште една таква вреќа, па ги земала двете и ги ставила во својот автомобил, не знаејќи дека во нив има скоро милион долари.

Оишла потоа до канцеларијата на шерифот и пријавила дека пронашла вреќи со неидентификувана содржина на автопат, а недолго потоа било установено дека во вреќите има пари.

Со истрага било установено дека вреќите со пари испаднале од блиндирано возило за транспорт на пари и дека веројатно биле наменети за банка, но се уште не се знае како испаднале од возилото.

„Правилно постапивме затоа што тоа не се наши пари“, изјавила Емили.