Поранешниот шампион во НБА, Ламар Одом, повторно е во центарот на вниманието по гласините за неговиот бурен љубовен живот. По бракот со Клои Кардашијан и бројните авантури со разни девојки, борбата со зависноста и алкохолизмот, Одом сега се најде на насловните страници во САД бидејќи се шпекулираше дека е во врска со трансродовата актерка Даниел Алексис.
Меѓутоа, овој пат се огласи самата таа и откри дека е само пријателка со Одом и дека иако се појавија нивните заеднички слики, тоа не значи дека се во врска.
- Еден од најдобрите луѓе што ги познавам, напиша Даниел Алексис и објави слика со Одом.
Сега е откриено дека австралиската актерка и 42-годишниот поранешен НБА ас се сретнале во јуни кога Даниел му побарала автограм, размениле телефонски броеви и останале во контакт. Излегле на ручек неколку пати, но само како пријатели.
Ламар е поранешен шампион во НБА, долго време играше со Коби Брајант во Лос Анџелес Лејкерс, а пред да почне да има бурен љубовен живот, долго време беше со својата партнерка Луз Морелес со која има три деца, од кои Дестини сега има 24 години, Ламар Џуниор има 20, а еден син трагично почина во 2006 година уште како бебе.