Трамп се закани со интервенција по насилствата во Портлaнд 

46

Претседателот Доналд Трамп вчера и денеска објави серија твитови со критика до градоначалниците на Портланд, сојузна држава Орегон и Кеноша, Висконсин, каде деновиве се случија насилни протести против полциското насилство и убиства. 

Во Портланд, за време на демонстрациите во саботата загина едно лице.  

Во Каноша, пак, се случија насилни протести откако полицаец за време на задржување шест пати стрелаше во грбот на Џејкоб Блејк, Афроамериканец, кој остана парализиран. После тоа се случи пукање, во кое двајца протестанти беа убиени, а едно лице тешко повредено. Пукало 17-годишно лице кое, наводно, бело супрематист.  

„Портланд е во валканици, и таков беше со години. Ако тој смешко од градоначалник не исчисти, ние ќе дојдиме да го направиме тоа“, напиша денеска Трамп на Твитер. 

Во градот имаше судири меѓу поддржувачите на претседателот од други места, кои влегоа во градот вооружени со колона од стотици теренски возила и претставници на движењето „Црните животи се важни“. Од полицијата се уште нема извештај за жртви или осомничени. 

Трамп и градоначалникот на Портланд, Тед Вилер, разменија остри зборови по соопштението на претседателот. 

-Доналд Трамп е претседател речиси четири години. Температурата во земјата е сѐ повисока, тензиите се посилни, поделбите сѐ подлабоки, изјави вчера претседателскиот кандидат Џо Бајден. 

Тој осуди насилства „од секаков вид, извршени од секого, дали од левицата или од десницата. Бајден го повика Трамп да го стори истото. 

Поранешниот потпретседател, по неповолните резултати од последните анкети, вчера за првпат започна физички митинзи, и тоа во Пенсилванија, клучната „колеблива“ сојузна држава. Од распостранетите материјали од вечерашните излагања на Бајден се гледа дека подготвува фронтален напад против неговиот републикански соперник.

-Овој претседател одамна загуби секакво морално лидерство на оваа земја. Не е способен да го запре насилството, затоа што токму тој со години го разгорува, се вели во приготвениот текст од настапот на Бајден.

-Дали некој се уште смета дека во Америка ќе има помалку насилство ако Доналд Трамп биде реизбран? прашува Бајден.

Претседателот, пак, денеска планира да го посети Кеноша, каде се случија насилствата и убиствата, во обид да ја смири ситуацијата.

Гувернерот на Висконсин, Тони Еверс, го повика Трамп да не доаѓа во Кеноша, изразувајќи загриженост дека „вашето присуство само ќе го спречи нашето зацелување“.