Трамп: Нема зошто да се брза во преговорите за денуклеаризација на Северна Кореја

10

 

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска рече дека „нема зошто да се брза“ во преговорите за денуклеаризација на Северна Кореја.

– Многу луѓе прашуваат до каде се преговорите со Северна Кореја, а јас им одговарам дека нема зошто да се брза. Има страшен потенцијал за голем економски успех за таа земја. Ким Џонг Ун го знае тоа подобро од кој и да е друг и ќе може целосно да го искористи тоа. Сè е во ред, рече Трамп.

Тој, сепак, не соопшти конкретни детали за евентуалните разговори.

Трамп и Ким се сретнаа во јуни во Сингапур.

Тој често зборува за нова средба со Ким, но целосните преговори за денуклеаризација на Корејскиот полуостров, според договореното во Сингапур, како што пренесуваат медиумите, најверојатно се во ќор-сокак.