Доналд Трамп среде кампањата одвои време за да им подели пица на своите поддржувачи, па дури и потпиша маица на една девојка.
Трамп беше снимен како им дели пица на ентузијастичките поддржувачи во Kathy’s Treehouse Pub & Eatery во Бетендорф, кои скандираа „Го сакаме Трамп“.
Видеото беше споделено на Х, а во локалот се собраа повеќе од стотина луѓе, пишува Јутарњи.хр.
Добро расположениот Трамп делеше бесплатна храна и може да се слушне како му вели на ентузијастичкиот поддржувач: „Земи, човеку“.
‼️WATCH: Donald Trump signed an enthusiastic woman’s chest and arm at a pizza parlor in Iowa today. pic.twitter.com/AYGUzKFMol
— Steven Steele (@MrStevenSteele) September 21, 2023
Освен што им подели пици на навивачката толпа, Трамп успеа да израдува и една ентузијастичка келнерка.
Имено, тој и се потпишал на горниот дел од кошулата, а потоа и на подлактицата.
“Многу ни е чест што те имаме тука, ти благодариме многу. Те сакаме. Татко ми е твој фан број еден како и сите ние”, одговори атрактивната русокоса.
Инаку, ова не е прв пат Трамп да дојде во ресторан и да им се обрати на своите поддржувачи.
Во април, тој застана во локалната пицерија по долгиот говор во Форт Мајерс, каде што ги праша фановите дали сакаат да уживаат во парчето кое тој веќе го гризнал.
Поранешниот претседател го посети и култниот кубански ресторан Версај, откако се појави пред федералниот суд во Мајами во јуни и понуди да купи оброк за секој што случајно ќе се најде таму.