Дома СВЕТ Трамп го разреши и американскиот амбасадор во ЕУ, кој сведочеше против него

Трамп го разреши и американскиот амбасадор во ЕУ, кој сведочеше против него

15

Сондланд – сојузник на Трамп кој донираше  еден милион американски долари за неговата изборна кампања – јавно сведочеше дека верува оти Трамп се обидел да извлече политичка корист од тоа што барал Киев да покрене истрага за кандидатот за демократски претседател, Џо Бајден.

Денеска бев информиран дека Претседателот има намера да ме отстрани од позицијата амбасадор на САД во Европската унија. Нашата соработка претставуваше врв на мојата политичка кариера”, се вели во соопштението на Сондланд објавено во повеќе американски медиуми.

Адвокатот на Виндман изјави дека „најмоќниот човек во светот, засилен со молк, подводливост и соучешниство, одлучи да почне со одмазда”. Тој прецизираше дека неговиот клиент бил „испратен” од Белата куќа.