Трамп: Во тек е инвазија која и се заканува на цела Америка

57

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска, по обиколката на границата на САД со Мексико, порача дека во тек е „инвазија“ која и се заканува на цела Америка.

– На нашата јужна граница има хуманитарна криза. Само што се вратив и ситуацијата е многу полоша од тоа што многумина би можеле да сфатат, инвазија. Таму сум бил во повеќе наврати, демократите не знаат колку е тоа лошо и опасно за целата наша држава, порача Трамп на Твитер.
Денеска е 21.ден откако американската Влада е во делумна блокада по неуспехот да се постигне договор за буџетот.