Трамп вели дека Кина не сака негова победа на следните избори

19

Американскиот претседател Доналд Трамп јавно ја обвини Кина дека сака да го спречи да победи на следните парламентарни избори поради неговата одлучност во врска со трговските прашања.

Вашингтон и Пекинг со месеци спорат во врска со царините покренати од Трамп.

– За жал откривме дека Кина се обидува да се вмеша во изборите во ноември 2018 година против мојата администрација, нагласи Трамп на СБ на ОН.

– Тие не сакаат да победам или да победиме бидејќи сум прв претседател кој и се спротиставил на Кина во тој предмет, додаде тој.

Трамп претходно веќе го обвини Пекинг дека се обидува политички да го загрози со напади на стоки од држави каде изборното тело му е традиционално верно. Кина одлучно демантираше вмешаност и побара повеќе почит од САД.