Трагедија: Раперот Гру не можел да се отплетка од јажињата, па се удавил во водите на Дунав

189

За познатиот српски рапер Далибор Андонов Гру, кој пред некој ден трагично загина  во близина на Наутичкиот клуб „Земун“, откако при параглајдерство паднал и се удавил во водите во разбранетиот Дунав, откриени се детали околу неговата смрт. Според првите резултати на обдукцијата, раперот навистина се удавил во Дунав, а не можел пред тоа да се отплетка од многубројните јажиња што придонело до тоа да не може да дише. Тоа било фатално, бидејќи претходно се здобил и со повреди на ‘рбетот. Безживотното тело на раперот неколку часа било во чамецот на брегот, а полицијата направила увид. Инаку, Гру и порано бил во слични ризични ситуации, но секогаш успевал да се извлече. Очигледно дека константно поигрувањето со судбината го доведе до ваков фатален крај. Пет пати во 30 секунди силниот ветер го крена, па го давеше во матна вода. Гру не стаса ниту да се одврзе…..