Четворица фудбалери и претседателот на бразилскиот четвролигаш Палмас, Лукас Меира, загинаа во авионска несреќа.

Во несреќата загинаа сите четворица фудбалери: Лукас Пракседес, Џилермо Ноа, Рануле и Маркус Молинари, а покрај претседателот на клубот, загина и пилотот.

Веста за смртта ја потврди и клубот, а сочувство изразија и други бразилски клубови, меѓу нив е и Вила Нова, против која несреќните фудбалери требаше да играат денеска (понеделник).

  • Вила Нова со тага и жалење ја дочека веста за авионската несреќа. Изразуваме сочувство до пријателите и семејствата на жртвите, и ќе оддадеме почит на жртвите на следниот натпревар, се наведува во соопштението на тој клуб.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vila Nova Futebol Clube (@vilanovafc)