Легендарниот капитен на калчолигашот Рома, Франческо Тоти веќе некое време е во фудбалска пензија. „Принцот од Рим“ се збогуваше од најважната споредна работа во летото 2017 година откако 24 години и служеше на својата сакана „волчица“ со речиси 800 настапи и преку 300 постигнати голови.
Кога беше на врвот на кариерата, Тоти беше неостварена желба на Флорентино Перез. Да потпишеше за Реал (М), веројатно ќе имаше некоја Лига на шампиони во своите витрини и ќе се натпреваруваше за „Златната топка“.
Сепак, Тоти и остана верен на својата „волчица“ со која освои трофеј еден важен трофеј, скудетото од 2001 година, но поради верноста се здоби со статус на бесмртен во Вечниот град.
Интересно е што како момче сонуваше да игра за друг клуб, а тоа не беше Рома. Малиот Франческо сакаше да игра за Милан кој беше предводен од Ариго Саки.
„Росонерите“ во тоа време беа најдобриот клуб во Европа. Руд Гулит, Марко Ван Бастен и Франк Рајкард беа главните ѕвезди на тимот заедно со голем број Италијанци како Паоло Малдини, Карло Анчелоти или Роберто Донадони.
„Милан на Саки беше највозбудливиот тим што сум го видел, единствениот за кој сонував да играм“, призна Тоти и продолжи:
„Јас кога имав 12 години ја пропуштив шансата да одам во Милан. Ариедо Браида (директорот на Милан во тоа време оп.) се појави во мојот дом како вистински господин, не обидувајќи се да ме земе, велејќи дека неговиот воз нема биди единствениот што ќе помине, но ќе биде најдобриот.
„Тој Милан е единствениот тим за кој имав обезбедено превоз, освен Рома. Ја поддржувам Рома од првиот ден кога се сеќавам, никогаш немаше алтернатива и фактот што станав нејзин симбол е најголемата гордост што ја чувствувам.
Во случајот со тимот на Саки, се чувствував како професионалец, не бев сентиментално врзан, но Милан на Саки успеа да ме натера да почувствувам нешто“, изјави Тоти.
Неколку години подоцна, поранешниот репрезентативец на Италија без многу размислување ја одби и понудата на шпанскиот гигант Реал (М).