Тотенхем го испрати Сон во карантин

26

Сон Хеунг Мин во четвртокот се врати од Јужна Кореја во Лондон, а Тотенхем веднаш го препушти на англиските здравствени власти кои го ставија во двонеделен карантин.

Јужнокореецот се здоби со повреда на раката во мечот против Астон Вила и беше принуден да прави операција во неговата родна земја во која се забележани над 2.200 случаи на заболени од корона вирус. Сега е во изолација во домашни услови.

Овие совети стигнуваат од Владата. Не сакам ништо да коментирам, не знам ништо за тоа. Јас само добив совет, а клубот го следи она што му е кажано. Сон ќе мора да ги следи протоколите и нема да се видиме некое време”, истакна Мурињо.

Според англиските медиуми, Сон ќе биде подложен на тестирање на корона вирусот за да се утврди дали го „закачил” при престојот во Јужна Кореја.

Извор:МИА