Шпанскиот интернационалец од редовите на Астон Вила, Пау Торес, е најновата желба на раководните лица на најбогатиот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед. Централниот дефанзивец ќе ја добие потребната дозвола за да се пресели на „Олд Трафорд“ само доколку официјалната понуда за неговото обештетување не биде помала од 50 мил. евра.