Јапонскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчолигаш Болоња, Такехиро Томиасу е последната летна аквизиција на лондонскиот премиерлигаш Арсенал. Станува збор за 22-годишен фудбалер кој може да игра на десната централна и бековска позиција. За да ги осигураат услугите на стандардниот првотимец во дресот на Болоња, челниците на Арсенал мораа да го прифатат побараното обештетување од 16 мил. фунти.