Лондонскиот премиерлигаш Арсенал не се откажува од намерата да ги осигура услугите на колумбискиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Германија, тимот на Баерн (М), Хамес Родригез.
Офанзивниот играч за врска се уште е во сопственост на актуелниот светски и европски клупски шампион, тимот на Реал (М), а баварскиот гигант не сака да го откупи неговиот договор за 40 мил. евра. Челниците на популарните “топчии” пак се убедени дека Родригез ќе биде идеална замена за велшкиот интернационалец, Арон Рамзи, кој на крајот од сезоната ќе си замине како слободен играч.