„Топчиите“ дигнаа раце од Обамејанг

23

Близок извор до таборот на лондонскиот премиерлигаш Арсенал откри дека клупските челници веќе се откажале од намерата да ја продолжат соработката со капитенот, Пјер-Емерик Обамејанг.

Интернационалецот од Габон има договор до 2021 година, но веќе изјави дека ќе побара да биде продаден за време на летниот преоден рок доколку „топчиите“ повторно не обезбедат пласман во групната фаза од Лигата на шампиони. Од неговата продажба Арсенал очекува заработка не помала од 70 мил. фунти, а интерес за неговите услуги покажаа сите европски гиганти.