Топло-ладно, неодолив, чоколаден, едноставно вкусен колач

748

Десерт на кој му нема рамен, особено за оние кои уживаат во чоколадната структура на колачите. Топол е затоа што се служи веднаш изваден од рерна, а ладен затоа што секогаш се сервира со топка сладолед, најчесто од ванила.

Иако навидум изгледа тежок за подготовка, сепак ќе ве изненади леснотијата и краткото време за подговка. За половина час пред вас ќе имате чоколадни колачи со кремаста течна внатрешност, која ќе ги разбуди вашите сетила.

Состојки: 

  • 100 гр темно чоколадо (70% какао маса)
  • 100 гр путер
  • 100 гр шеќер во прав
  • 50 гр брашно, просеано низ сито или цедалка
  • 3 јајца
  • ванила
  • сладолед

Подготовка:

Рерната загрејте ја на 200 целсиусови степени. Во сад на пареа растопете ги путерот и чоколадата.

Кога ќе се растопат, тргнете од оган и ставете го шеќерот и ванилиниот шеќер. Мешајте полека со дрвена лажица додека да се растопи шеќерот.

Ставете ги брашното, изешајте и едно по едно додавајте ги јајцата со нежно мешање.  Смесата истурете ја во хартиени корпи во калапот за мафини. Не ги преполнувајте корпите, затоа што нема убаво да се извадат. Печете ги колачињата 10 до 12 минути (максимум).

Оставете малку да се оладат и извадете ги. Сервирајте со топка сладолед, и уживајте во вкусот.