Македонската одбојкарска репрезентација го претрпе првиот на квалификацискиот турнир во Скопје за пласман на Европското првенство во септември оваа година, откако во арената „Борис Трајковски“ загуби од Турција со 3-1 во сетови.

Турците одлично го отворија натпреварот и во првиот сет постојано беа во солидна преност од над пет поени за на крај да го добијат со 25:16. Сепак, вториот сет го одигравме беспрекорно и го добивме со 25:18, со што покажавме дека можеме да се носиме со фаворитот на овој дуел.

Третиот и четвртиот сет противникот уште на стартот успеа да направи солидна предност и на крајот дојде до победата (25:18 и 25:12).

Најефикасен во нашиот состав беше капитенот Никола Ѓорѓиев со 16 поени, три помалку имаше Александар Љафтов, додека на спротивната страна Саваши запиша 13 поени.

Утре, „црвено – жолтите“ ќе го одиграат третиот натпревар од групата Ц, а противник повторно ќе ни биде селекцијата на Бих, додека квалификацискиот турнир ќе го завршиме со повторен дуел против Турција.

ФОТО: Петр Стојановски