Тон млеко, кисело млеко и јогурт ќе добијат старите, болните и изнемоштени лица

151

Општина Центар доби донација од 1 тон млеко, кисело млеко и јогурт.

Како што информираат од Општината, мобилните тимови ќе им ги достават овие производи на старите, болните и изнемоштени лица, како дел од редовните акции за помош и поддршка.

-Сите компании, но и граѓани кои сакаат да помогнат и да донираат храна и прехранбени производи, тоа да го направат јавувајќи се на телефонскиот број 070 343 636-потенцираат од локалната самоуправа.