Тонга издаде предупредување за цунами по ерупција на подводен вулкан/видео

14

Тонга, островска држава во Пацификот, денеска издаде предупредување за цунами по ерупција на подводен вулкан.

Видео објавено на социјалните мрежи покажува големи бранови кои ги погодуваат крајбрежните области.

Метеоролошката служба на таа земја соопшти дека е издадено предупредување за цунами за целиот архипелаг Тонга.

Денешната ерупција е последната во серијата ерупции на вулканот Хунга-Тонга Хунга Хаапаи.

Во водите на Тихиот Океан во близина на Апија, главниот град на островот Самоа, американска прекуморска територија, откриените бранови на цунами се високи околу 1,5 метар, соопшти американскиот Тихиоокеански центар за предупредување од цунами.

Тонганската метеоролошка служба соопшти дека предупредувањето за цунами е на сила за целиот остров.

Предупредувањето за цунами беше дадено и од Националната служба за вонредни состојби на Нов Зеланд, како и од американскиот центар за предупредување од цунами во Пацификот.