Актерот Том Хенкс, по две седмици во карантин во Австралија, се врати во својот дом во Лос Анџелес, па на Твитер сподели како се чувствува oткако кај него и неговата сопруга Рита Вилсон беше дијагностицирано присуство на коронавирусот.
Во Австралија претходно, Хенкс снимаше биографски филм за Елвис Присли.
„Здраво на сите… Ние сме дома, и сега заедно со цела Америка нема да излегуваме никаде. Ви благодарам на сите кои се грижеа за нас во Австралија. Нивната помош го овозможи нашето враќање во САД. И голема благодарност на сите за позитивните пораки. Тоа беше многу важно за мене и за Рита”, напиша глумецот на Твитер.
Тие двајца беа меѓу првите познати личности заразени од коронавирус. По нив следеа Идрис Елба, Олга Куриленко, Пласидо Доминго и други.
Извор:МИА